ФУДБАЛ

Се случи чудо: Барселона на кратко се ослободи од Кутињо, Бразилецот изненади со новиот клуб

Барселона се ослободи од еден од играчите кои долго време беа вишок.

Веќе некое време Ноу Камп бара начин да се ослободи од играчите кои заработуваат огромни пари и не се во прв план. Меѓу нив е и Филипе Кутињо.

Кутињо во последните недели беше поврзуван со голем број клубови. Најмногу со оној од ПЛ каде ќе ја продолжи кариерата.

Познатиот трансфер гуру Фабрицио Романо во петокот наутро објави дека Кутињо ќе стане нов играч на Астон Вила и дека се уште се чека официјална потврда.

Барселона и Астон Вила постигнаа договор по директен контакт денеска, а се работи за позајмица до крајот на сезоната.

Англискиот клуб ќе ги покрие трошоците за плата на бразилскиот фудбалер, што значи дека Барселона ќе го растерети буџетот и ќе може да го регистрира Феран Торес.

Овој трансфер значи и ново обединување на Кутињо и Џерард кои пред неколку години играа заедно во Ливерпул.

Одењето во Астон Вила не значи дека Барселона трајно се ослободила од бразилскиот офанзивец, бидејќи овој 29-годишен фудбалер има договор со Каталонците до летото 2023 година.