ФУДБАЛ

СЕ СОГЛАСИ НА ЗАТВОРСКА КАЗНА ОД 14 МЕСЕЦИ! Поранешниот фудбалер на Севиља и Барселона призна дека има затаено данок, плаќа милионска казна!

Поранешниот фудбалер на Севиља и Барселона, Адријано Кореја се согласи на безусловна казна затвор од 14 месеци, која ќе служи зад решетки, и да плати еден милион евра за затајување на данок во Шпанија, пишува каталонски Спорт.

Сегашниот член на Бешикташ затаи приход од 650.000 евра и доби казна од шпанските даночни власти, иако според законот на таа држава не треба да оди во затвор, ако тоа му беше прв пат и казната ако е помала од две години.

Адријано играше во Шпанија помеѓу 2005 и 2016 година за Севиља и Барселона, пред да замине во Истанбул.

Искусниот 34-годишен лев бек од Бразил е последен во серијата играчи кои избегнаа данок во Шпанија по Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Алексис Санчез, Радамел Фалкао, Марсело…