Јулијан Дракслер треба да го напушти тимот на ПСЖ ова лето, а неколку тимови ќе се борат за неговиот потпис.
Како што пренесуваат француските медиуми, Дракслер е најблизу до преселба во англиската Премиер лига, поточно во Лидс Јунајтед.
Имено, челниците на овој клуб го контактирале Дракслер за да му ја претстават идејата, а наводно фудбалерот решил да се пресели во овој клуб.
Дракслер е во последната година од договорот со ПСЖ, и овој клуб треба да го продаде доколку сака да заработи нешто на него.
Договорени се лични услови помеѓу фудбалерот и Лидс, а се чека само договор меѓу двата клуба, за трансферот да биде официјализиран.