На почетокот на следната година би можеле да бидеме сведоци на еден голем трансфер во европскиот фудбал.
Според весникот „Corriere dello Sport“, агентот на Погба Мино Раиола, му препорача на Јувентус да „преземат акција“.
Погба не е среќен во Манчестер и тоа е очигледно, има лош однос со Жозе Мурињо, за време на гостувањето во Торино на навивачите на Јувентус тивко му рече дека сака да се врати, а тоа ги разлути навивачите на Јунајтед.
„Повторно во Јувентус? Никогаш не се знае…Сега сум во Јунајтед“, изјави Французинот по натпреварот.
За Јуве доста успешно одигра 2012-2016, а на крајот направи трансфер вреден 105 милиони и се врати во Јунајтед а сепак се чини дека на повидок е уште еден кам-бек.