ФУДБАЛ

Се „тресе“ клупата на Мурињо: Прво го критикуваше Погба, па испадна од Дерби во „Карабао Купот“

Жозе Мурињо е по жесток притисок на клупата на Манчестер Јунајтед по настаните кои се случија на „Олд Трафорд“ во последните неколку дена. Најпрво „црвените ѓаволи“ одиграа нерешено 1:1 со Вулверхемптон, на натпревар на кој што Погба беше носител на капитенската лента на Манчестер.

Вчера најпрво португалскиот тренер му соопштил на Погба дека повеќе нема да ја носи капитенската лента, што наиде на доста критики од јавноста, а самиот Погба бил лут поради ваквиот потег на својот тренер.

За „шокот“ да биде поголем, Португалецот вчера загуби од Дерби во Карабао Купот на пенали, што беше уште една разочарувачка вечер на „Олд Трафорд“. Мурињо денеска се наоѓа под уште поголем притисок, а вчера на прес-конференцијата се караше со новинари. Сето тоа го доведува до прашање неговиот понатамошен престој на клупата на Манчестер Јунајтед.

Извор: ТВ21