ФУДБАЛ

Се враќа по 15 години: Диего Коста најде нов клуб

Искусниот напаѓач Диего Коста на почетокот на јануари реши да го раскине договорот со Атлетико Мадрид.

По првиот дел од сезоната во Шпанија, Коста реши да побара средба со челниците на клубот од Мадрид. Тој ги изненади со барање да го раскине договорот, но тие не правеа проблеми и беше договорено раскинување на соработката.

Искусниот 32-годишен напаѓач во последно време беше поврзуван со многу клубови, но сепак е без ангажман. Но, се чини дека не тоа нема да трае долго.

Тој моментално е во Бразил и според информациите од оваа земја, се чини дека наскоро ќе најде нов клуб. Коста разговара со Палмеирас со кого треба да потпише двегодишен договор.

Тој во овој клуб ќе заработува околу три милиони евра годишно, па реши да се врати во Бразил, иако се поврзуваше со клубови од Турција, Катар и Саудиска Арабија.

Така, Коста ќе се врати во родниот Сао Паоло по 15 години кога го напушти Бразил и потпиша за Брага.