ФУДБАЛ

Се запре веднаш: ПСЖ објави видео на кое се гледа кој го повреди Мбапе (ВИДЕО)

Навивачите на ПСЖ денеска беа шокирани од веста дека Килијан Мбапе претходно го напуштил тренингот поради повреда.

Во среда се очекува ПСЖ да игра на „Сантијаго Бернабеу“ каде што го игра реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Мбапе беше тој што го реши првиот натпревар кога во самиот финиш постигна гол за 1:0 и со тоа му донесе победа на ПСЖ.

Мбапе поради повреда денеска претходно го заврши тренингот и веднаш замина на дополнителни прегледи, а од клубот се надеваат дека ништо не е сериозно и дека францускиот напаѓач ќе биде подготвен за Реал Мадрид.

ПСЖ објави и видео од денешниот тренинг на кое се гледа моментот кога Мбапе се повреди.

Тој беше остро прегазен од Гује, а Мбапе врескаше од болка и заврши на земја. Јасно беше дека не може да продолжи да тренира, а во ПСЖ сега можам само да се надевам дека не е ништо сериозно.