Откако Микел Артета дојде како тренер на Арсенал, Дани Себаљос падна во втор план.
Тој беше повреден кога Артета пристигна, но се опорави од повредата и се очекуваше да продолжи да игра.
Сепак, Артета се одлучи за Озил, кој игра брилијантно откако Артета дојде во клубот, а Себаљос скоро и нема минутажа.
Според англиските медиуми, Себаљос го замолил својот матичен клуб, Реал Мадрид, да стави крај на договорот за позајмица во Арсенал.
Се разбира, причината е тоа што тој не игра, а Себаљос сака редовни минути што Артета не сака да ги даде во моментот.
Затоа Шпанецот го замоли Реал Мадрид да му најде нов клуб, каде ќе игра и да го напушти Арсенал до крајот на преодниот рок.