Селекторот на Македонија, Гоце Седловски имаше катастрофално деби на клупата. Пораз од 4:0 од Данска во полуфиналето во плејофот за СП, во нстпревар во кој нашата селекција не покажа речиси ништо. За десет минути во вториот дел примивме 3 голови, со што, како и што самиот изјави по мечот, се распаднаме.
-Честитки за противникот. Од она што најмногу се плашев тоа се оствари. Примивме голови од тие странични позиции, бековски… Не треба да губиш концентрација. Несфатливо. Не смее такви грешки да се случуваат. Данска напаѓа, „меле“ и се случува тоа што се случи, изјави Седлоски.
Седлоски додаде дека тимот има уште еден натпревар пред себе и дека внимателно ќе ја анализираат играта за да ги подобрат стратегијата и фокусот во иднина. СЕ заблагодари на навивачите кои допатувале во Копенхаген да дадат поддршка.
