Како што пренесуваат црногорските медиуми, напаѓачот Лука Ѓорѓевиќ купил респиратор и го подарил на Клиничкиот центар во Црна Гора во вредност од 20 илјади евра.
Фудбалерот на рускиот Локомотив, во моментов е во Москва, но не ги заборавил своите корени и одлучил да и помогне на Црна Гора на конкретен начин.
Во оваа земја во моментов има 8 случаи позитивни на коронавирус. Ова можеби е најдобар пример дека сега е моментот оние кои најмногу имаат, најмногу да помогнат.