ФУДБАЛ

„Сега сум убеден дека Бог е навивач на Манчестер Сити”

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп даде интересна изјава.

Ливерпул вчера загуби со 2-0 од Евертон на „Енфилд“ и дефинитивно се прости од трката за титулата. „Црвените“ се во сериозна криза и ова е четврти врзан пораз на „Енфилд“, а тоа не им се случило од 1923 година.

„Не можам навистина да објаснам“, рече Клоп во интервјуто по натпреварот, како што објави „Ливерпул офсајд“„Мислам дека доминацијата на натпреварите станува позната приказна за нас, но противникот сепак постигнува гол”.

“Добро го контролиравме квалитетот на противниците, но единствената грешка што ја правиме се тие казни. Тие можеа да направат 10 грешки, но ние не го казнуваме тоа”, додаде Клоп.

„Вие едноставно не можете да играте фудбал на овој силен ветер“, продолжи Германецот, обидувајќи се да објасни. “Сега сум убеден дека Бог е навивач на Манчестер Сити и ќе стори сé за да не запре. Не можете да победите против Бога”.

Ливерпул сега целосно ќе се сврти кон Лигата на шампионите, каде има 2-0 од првиот „гостински“ натпревар во осминафиналето против Лајпциг.