Претседателот на македонската фудбалска репрезентација Муамед Сејдини се огласи преку Фејсбук поскапувајќи им успех на играчите кои вечерва го играат првиот натпревар од Лигата на Нации.
„Радост и гордост! Почнуваат натпреварите во Лигата на Нации каде уште еднаш во фокус ќе бидат јунаците кои најдобро и најубаво знаат да ја радуваат Македонија. Да ја поддржиме сите заедно фудбалската репрезентација на Македонија, и да посакаме нов пласман на ново Европско Првенство“, напиша Сејдини на Фејсбук.
Тој додаде: Македонија на Европско 2024.