ФУДБАЛ

Секој доаѓа во репрезентацијата на вообичаен начин, а Меси им овозможи на соиграчите да го сторат тоа како кралеви

Лионел Меси се приклучи на репрезентацијата на Аргентина пред квалификациите за СП против Боливија и Еквадор.

Меси пристигна во Аргентина со својот луксузен авион вреден 15 милиони евра, но не беше сам.

Sвездата на Барселона им понуди на своите соиграчи да патуваат со него, со цел да бидат што е можно побезбедни и заштитени од коронавирусот, па на летот му се придружија Пауло Дибала, Хуан Фојт, Маркос Акуна, Лукас Окампос и Николас Отаменди.

На долгиот пат, аргентинскиот тим имаше се што сакаше. Авионот може да превезува вкупно 16 патници, има осум кревети, своја кујна и две бањи.

Исто така, седиштата се такви што лесно можат да се направат кревет, па аргентинските фудбалери можеа да уживаат во летот за Аргентина благодарение на Меси.

Ќе видиме дали тоа ќе им помогне на претстојните натпревари.