Во сабота ќе се одигра големото финале во Лигата на шампионите во Париз каде силите ќе ги одмерат Реал Мадрид и Ливерпул.
Финале кое можеше само да се посака и сигурно ќе имаме многу возбудувања во пресметката на најдобрите екипи на денешницата. Посебно ќе уживаат сите неутрални, но и оние кои имаат свои фаворит.
Играчот од средниот ред на Баерн, Леон Горецка ќе ја гледа пресметката од Париз на ТВ и призна дека не е неутрален, односно ќе навива за една од екипите.
„Многу боли да не се игра утре, тоа се игри што сите сакаме да ги играме, но морам да признаам дека ова беше многу долго патување. Пред две години ги импресиониравме сите во Европа и сега сакаме повторно да бидеме таму, боли да го гледаме овој натпревар како гледачи, а ние нема да играме на теренот“, призна Горецка.
„Не сум целосно неутрален поради Давид Алаба и затоа ќе навивам за Реал Мадрид. Се надевам дека Алаба ќе освои уште една титула во Лигата на шампионите“, призна Германецот.
Горецка оваа сезона одигра 19 натпревари, постигна три гола и постигна три асистенции. Во Лигата на шампионите настапи на шест натпревари. 26-годишниот фудбалер го освои трофејот во Лигата на шампионите со Баерн во 2020 година.
Оваа сезона тој и неговите соиграчи ја освоија Бундеслигата и продолжија да доминираат во Германија, но разочараа во Лигата на шампионите и испаднаа во четвртфиналето од Виљареал иако беа големи фаворити.