Селекторот на репрезентацијата за играчи до 21 година, Благоја Милевски откако стана јасно дека добивме исклучително тешка група за квалификациите за пласман на ЕП во 2023-та година, изјави дека навикнати сме да го изодуваме потешкиот пат.
„Групата е исклучително тешка. Франција е топ фаворит, Србија и Украина отсекогаш имале одлични млади фудбалери и секако ќе се борат за висок пласман. Фарски Острови е репрезентација во подем, тоа го потврдија во претходните квалификации во кои славеа против Црна Гора, Израел и Казахстан. Ерменија е исто така незгоден противник, вели селекторот Милевски, кој додава:
Едноставно, нема лесен противник, но ние сме навикнати да одиме по потешкиот пат. Со сите репрезентации во групата имаме меѓусебни натпревари, но ова се нови генерации и нови фудбалери, заклучи селекторот.