ФУДБАЛ

Селекторот на Бразил ја врати легендата во националниот тим

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Тите, го објави списокот со 23 фудбалери кои на почетокот на јуни ќе ги играат квалификациските натпревари за СП против Еквадор и Парагвај.

По пауза од скоро две години, Тите го врати легендарниот Дани Алвеш (38) во националниот тим, а на списокот повторно се најдоа Габриел Барбоса и Лукас Пакета.

Составот на Бразил изгледа навистина одлично, а Тите ги покани овие фудбалери.

Голмани: Алисон (Ливерпул), Едерсон (Манчестер Сити), Вевертон (Палмеирас)

Одбрана: Даниел Алвеш (Сао Паоло), Данило (Јувентус), Алекс Сандро (Јувентус), Ренан Лоди (Атлетико Мадрид), Едер Милитао (Реал Мадрид), Лукас Верисимо (Бенфика), Маркињос (ПСЖ) и Тиаго Силва (Челзи).

Среден ред: Касемиро (Реал Мадрид), Даглас Луиз (Астон Вила), Евертон Рибеиро (Фламенго), Фабињо (Ливерпул), Фред (Манчестер Јунајтед), Лукас Пакета (Лион).

Напад: Евертон Чеболиња (Бенфика), Роберто Фирмино (Ливерпул), Габриел Барбоса (Фламенго), Габриел Хесус (Манчестер Сити), Нејмар (ПСЖ), Ричарлисон (Евертон), Винисиус јуниор (Реал Мадрид).

Бразил на 4 јуни ќе се сретне со Еквадор во Порто Алегре, а четири дена подоцна ќе го посетат Парагвај во Асунсион.

Бразил е лидер на квалификациската табела со 100% учинок од четири натпревари.