ФУДБАЛ

Селекторот на Катар: „Светското првенство не е Куп на Азија“

Селекторот на фудбалската репрезентација на Катар, Феликс Санчез, вечерва во Доха по поразот од Холандија изјави дека за неговата репрезентација е „тешка игра“ против „еден од фаворитите“ на Мундијалот.

Катар вечерва беше поразен од Холандија со 0:2, во натпреварот од третото коло од групата А на Светското првенство.

„Игравме против одличен тим, веројатно еден од фаворитите на овој турнир. Беше тешко, но во некои моменти игравме на високо ниво“, изјави Санчез.

Катар го заврши натпреварувањето на четвртото место во групата, со сите три порази.

„Не можете да го споредите Светското првенство со азиското првенство. Дојдовме на Светското првенство да играме на најдобро ниво. Сакавме да бидеме конкурентни и во некои моменти успеавме“ , додаде тој.

Од групата А во осминафиналето се пласираа Холандија и Сенегал кои денеска во третото коло го победија Еквадор со 2:1.

“Што се однесува до мојата иднина, во моментов не знам ништо. Ќе треба да размислиме. Доброто е што оваа репрезентација има долгорочен план, кој не зависи од мене. Ако дозволите, прво малку ќе одмориме.Федерацијата ќе продолжи со подготовките за следниот азиски куп“, заврши Санчез.

Катар, актуелниот освојувач на Купот на Азија, ќе биде домаќин на следниот азиски куп во 2023 година.