Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош се надева на титулата на Светското првенство, бидејќи неговата репрезентација преку бараж обезбеди пласман на турнирот во Катар. Португалија ја совлада Македонија со 2-0 во финалето од плеј-офот од европските квалификации и со тоа ја „завери визата“ за Светското првенство.
„Единствениот сон што сега го имам и е дозволено да сонувам е да победам во третото натпреварување со репрезентацијата. Освоив две, сега сонувам за Светско првенство“, призна Сантош кој ги освои Европското првенство и Лигата на нации.
Тој вели дека мечот против Македонците бил полесен отколку што очекувал, поради „фантастичниот однос на играчите“.
„Тоа беше заслужена и чесна победа. Не се сеќавам на некоја голема акција на Македонија. Ние сме на СП, израдувавме 11 милиони Португалци“, изјави селекторот.