Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош во изјава за медиумите вели дека главниот судија на мечот со Србија, кој не виде чист гол за победа на Португалија (мечот заврши 2:2) му се јавил.
-Судијата Дани Макели ни се извини после мечот. Рече дека му е незгодно. Бев во соблекувалната заедно со него и се извини. На теренот рече дека ќе ги види снимките, и доколку биде гол ќе се јави и ќе се извини, така и беше. Ова е втор пат да ни се извинуваат судии после мечот. Судиите се луѓе и грешат, но затоа е ВАР и гол линија технологиите, да се избегнат ваквите работи, изјави Сантош.