После успехот на последниот Мундијал во Русија, хрватскиот селектор Златко Далиќ е на „мета“ на големите клубови.
Според пишувањата на хрватските медиуми, во последните неколку дена Далиќ добил одлична финансиска понуда од Кина, меѓутоа истата ја одбил и со тоа хрватските фанови може да „здивнат“.
Шпекулациите велат дека понудата била „екстремно“ добра и изнесувала 10 милиони евра по сезона. Што би бил еден од најплатените тренери, меѓутоа Далиќ не сака да го напушти кормилото на хрватскиот национален тим со кого сензационално стигна до финалето на СП, кое го загуби од Франција.
Извор: ТВ21