Еден од најпознатите менаџери во светот на фудбалот, Мино Раиола, почина денеска на 54-годишна возраст.
Раиола веќе некое време е во болница бидејќи се бореше со тешка болест и за жал не успеа да излезе од сето тоа како победник.
Неговото семејство преку социјалните мрежи потврди дека Раиола почина денеска на 54-годишна возраст, што секако е голем удар за светот на фудбалот, со оглед на тоа што се знае каков статус имаше.
Пред неколку дена беше објавено дека тој починал, но тогаш самиот Раиола го демантираше сето тоа. Сепак, денеска тој демант не стигна, па неговото семејство ја потврди тажната вест.
Првиот човек кој се појави на таа објава беше таткото на Ерлинг Халанд, Алфи, кој беше многу потресен од се што прочита. Алфи Халанд само стави тажен емотикон кој беше доволен да го натера да почувствува како се чувствува.
😥
— Alfie Haaland (@alfiehaaland) April 30, 2022
Познато е дека Алфи и Раиола соработувале во претходните години и дека тој бил агент на неговиот син. Тие подготвија голем трансфер на Халанд за ова лето, но за жал Алфи сега ќе мора сам да го направи тоа.