Селекторот на репрезентацијата на Сенегал, Алију Сисе би можел да го пропушти осминафиналето на Мундијалот со Англија.
Сисе како играч играше за Бирмингем и Портсмут, а сега е успешен како тренер на „лавовите“ – ги предводеше до првата титула на Африканскиот куп на нации, а сега Сенегал мина групата на Светското првенство, прв пат од 2002 година.
Сепак, Сисе не беше на прес-конференцијата во саботата, пред пресметката со Англија, ниту на тренингот во петокот.
„Тој е болен веќе неколку дена“, рече помошникот Реџис Богарт, кој го пополни Сисе на конференцискиот повик.
„Ни дозволи да тренираме во петок, секако со негови инструкции. Се надевам дека ќе дојде и ќе биде на клупата со играчите. Има треска, мораме да внимаваме“, додаде Богарт.
Натпреварот Англија – Сенегал започнува во 20 часот, а во четвртфиналето победникот од тој меч ќе игра со подобриот од дуелот Франција – Полска (од 16 часот).