ФУДБАЛ

Сенегал оди на СП, Мане се радуваше пред очите на Салах!

Сенагл се квалификуваше за нивниот втор последователен Мундијал, откако го победи Египет во плеј-офот по подоброто изведување пенали.

Првиот натпревар помеѓу двете најдобри африкански селекции од последниот АФЦ – заврши со минимална победа на Египет, а идентичен резултат 1:0 имаше и во реваншот за домашната селекција.

Лавовите од Таранж фуриозно влегоа во мечот и поведоа во воведните минути од натпреварот кога Диа некако ја турна топката во мрежата.

Инаку, на одличниот стадион „Абдулаје“ беа присутни 50.000 гледачи, а домашните навивачи користеа голем број ласери со што постојано им правеа проблеми на гостите.

Во текот на целиот натпревар Сенегал беше подобар противник, додека Египќаните играа дефанзивно и во одредени моменти имаа среќа. Домаќините имаа и неколку добри шанси да решат се за 90 минути, но не успеаја.

Патникот на Мундијалот го решаваа пенали каде подобро се снајдоа Египќаните. Интересно, ниту еден од првите четири пенали не беше реализиран, Салах имаше големо промашување.

Третата серија носи гол на двете страни. Ги погодија Сар и Ел Солија. Во четвртата серија Диенг погодува за домашните, а Мостафа Мохамед промашува за Египет. Клучниот пенал за победата го изведе Мане и рутински погоди.

Од африканскиот континент директно во Катар, благодарение на голот на гости, ќе оди и Гана која ја исфрли Нигерија. Реваншот заврши со резултат 1:1.

За разлика од Европа, во Африка се уште важи правилото за голови на гости, па Гана одигра 1:1 на првиот меч во Абуџа по 0:0 и отиде на Светското првенство.

„Црните ѕвезди“ поведоа во 10. минута преку Партеј, а израмнувањето за домашните го донесе Труст-Еконг од пенал во 22. минута. Нигерија направи се што можеше за да го постигне победничкиот гол до крајот на натпреварот, но не успеа, па Гана продолжи на четвртиот Мундијал.