Лидерот во македонската Прва лига, екипата на Шкупи го промовираше најновото засилување. Станува збор за крилен напаѓач, кој доаѓа од Сенегал. Мамаду Данфа потпиша двегодишен договор со тимот од Чаир, а доаѓа од украинскиот им Колос Коваливка.
Во својата кариера играл за младите категории на Сенегал, а има и еден настап за најдобриот состав на оваа земја.