Сенегалецот Исмаилa Дијагне вчера стана најмладиот кошаркар во историјата на Ел Класико. Дијагне на вчерашниот дуел помеѓу Реал Мадрид и Барселона настапи на 16 години, 9 месеци и 9 дена, со што го собори рекордот што претходно го држеше Лука Дончиќ.
Феноменалниот Словенец за првпат настапи во најголемото шпанско дерби со 16 години, 9 месеци и 28 дена, а двајцата се единствените кошаркари до 17 години кои настапија на кошаркарското Ел Класико. Забележителна улога имаше Дијане со 9 поени и 8 скока и 16 индексни поени.
Но, она што привлече големо внимание е изгледот на Дијане. Овој сенегалски центар висок 214 сантиметри изгледа многу постар од неговите 16 години и речиси никој не верува дека е роден на 20 декември 2006 година. Дијане е роден во сенегалското село Нгуехох и затоа многумина се сомневаат дека е запишан во матичната книга на родените истата година кога е роден.
