ФУДБАЛ

Сензација на Апенините, триумф на Андора, Белгија и Англија без милост кон противниците

Беше возбудливо низ цела Европа во вечерашните квалификации за СП 2022 година.

Во дербито на вечерта, Шведска ја совлада Шпанија со 2:1 голови на Исак и Клесон. За Шпанците погоди Солер. Шведска сега е лидер во групата Б со девет бода.

Англија ја декласираше Унгарија со 0:4, а во истата група Полска беше сигурна против Албанија и славеше со 4:1. Андора го совлада Сан Марино со 2-0.

Во групата Ј, Германија го совлада Лихтенштајн со 0:2, Романија беше подобра од Исланд со 0: 2, додека  Македонија и Ерменија ремизираа со резултат 0:0.

Во групата Е, Чешка беше подобра од Белорусија со 1:0, додека Белгија ја совлада Естонија со 2:5 во одличен натпревар.

Сензацијата на вечерта ја подготви Бугарија, која ремизираше со Италија во Фиренца со резултат 1:1, а во вториот натпревар од групата Ц, Северна Ирска беше подобра од Литванија со 1:3.