Екипата на Плимут, последна во англискиот Чемпионшип, втора по квалитет лига во Англија, приреди сензација откако доцна попладнево го елиминираше Ливерпул од ФА Купот. Славеа со 1:0 со голот на Рајан Харди од пенал во 53-та минута. За волја на вистината Ливерпул настапи со комбиниран состав, речиси со резервите, но сепак овој пораз и тоа како е изненадување ако се знае дека тие се лидери во Премиер лигата, а Плимут е последен во Чемпионшип.
Сензација, последниот тим во Чемпионшип го елиминираше Ливерпул од ФА Купот (ВИДЕО)
