ФУДБАЛ

Сензација во Камерун: Алжирците во шок кога видоа кој им досуди синоќа

Репрезентацијата на Алжир синоќа доживеа шокантен пораз од Екваторијална Гвинеја (1:0) во натпреварот од второто коло од групната фаза на Африканскиот куп на нации.

Алжир допатува во Камерун како голем фаворит за одбрана на златниот медал освоен на претходното издание на ова натпреварување.

Но, Алжир во првото коло освои само бод против Сиера Леоне, а синоќа навивачите на оваа репрезентација очекуваа лесна победа против слабата Екваторска Гвинеја. Сепак, на крајот Алжирците добија уште една неверојатна шлаканица.

Екваторска Гвинеја успеа да се одбрани во првото полувреме кога Алжир имаше неколку одлични можности, а казната за сите тие промашувања стигна во 70. минута од натпреварот кога поведе со 1:0.

Во центарот на вниманието беше Естебан Обианг Орозко, кој успеа да ги шокира сите кога постигна гол за 1:0 и големата победа на Екваторска Гвинеја, поради која Алжир е на чекор од испаѓање веќе во групната фаза.

Работата да биде уште полоша, малкумина слушнале за Објанг кој вечерва го собори актуелниот африкански шампион, а Алжирците останаа шокирани кога го видоа овој фудбалер како игра само во четвртиот степен на шпанскиот фудбал.

Објанг се појави во дресот на Бетис за кој одигра три натпревари, но не успеа да се наметне. Потоа го напушти клубот и едвај најде нов ангажман кога замина во Утрера за која играше една година, а потоа играше за Сан Рафел.

Тој летово повторно го промени клубот и потпиша за Антекер, кој се натпреварува во четвртиот степен на шпанскиот фудбал. Сезонава одигра само четири натпревари, но за АКН доби покана за репрезентацијата на Екваторска Гвинеја.

Овој „анонимус“ синоќа со својот гол го совлада Алжир и наеднаш се најде во центарот на вниманието на фудбалската јавност.