ФУДБАЛ

Сензационалното враќање на Серхио Рамос?!

Серхио Рамос сака да се врати во татковината и во родниот регион – Андалусија!

Според денешните информации, Серхио Рамос упатил понуда до својот поранешен клуб преку својот брат и Хесус Навас и чека одговор.

Севиља веќе е преполна на стоперските позиции, бидејќи веќе ги има Баде, Маркао, Нијансу и Рекик, а оваа сезона Гудељ играше во срцето на одбраната.

Рамос веќе одби трансфер во Саудиска Арабија бидејќи парите не му се приоритет, пред се поради семејството, поради што сака да се врати во Шпанија, односно во Андалусија.

Рамос порасна во Севиља, а потоа во 2005 година се пресели во Реал Мадрид каде стана вистинска легенда.

По истекот на договорот замина во ПСЖ, но во првата сезона го следеа повреди, додека втората не беше најдобра поради елиминацијата во Лигата на шампионите од Баерн Минхен.

Но, сега дојде моментот за најубавиот крај на неговата кариера, каде што се започна…