Иако се појавија информации пред неколку дена дека Усман Дембеле ќе ја напушти Барселона, се чини дека нема ништо од тоа.
Како што сметаат во клубот, со оглед на неговата возраст, треба да му се даде шанса да докаже што може.
Исто така, луѓето во Барселона сметаат дека тој треба повеќе да користи спринт методи на тренинг за да избегне повреди.
Според медиумите во Шпанија, Барселона е подготвена да му даде шанса на Дембеле, дури и ако го доведат Нејмар, а жртвата би можела да биде Гризман.
Останува да се види дали Дембеле ќе ја искористи довербата на челниците на Барселона и дали конечно ќе докаже дека вреди.