Иако пред почетокот на ЕП, Англичаните се надеваа дека по пауза од 60 години ќе станат европски прваци, со што стана популарна паролата “Доаѓа дома”, сепак Шпанија е европски шампион и тоа по рекорден четврти пат.
Во финалето ја совладаа токму Англија ао 2:1.
Вилијама во 47-ма донесе водство, Палмер во 73-та израмни на 1:1, а херој на Шпанија е Ојарзабал кој во 86-та погоди за 2:1.
Победата, но и пехарот е повеќе од заслужен ако се знае дека Шпанија на убедлив и сигурен начин стигна до финалето, преку една Италија, Франција и домаќинот Германија.
