ФУДБАЛ

Сер Алекс Фергусон јасно стави до знаење кој треба да ја освои Златната топка

На крајот на следниот месец, ќе се одржи доделувањето на Златната топка за најдобар играч во 2021 година.

„Франс Фудбал“ пред неколку дена објави список со 30 кандидати кои се најдоа во борбата за најдобар играч на светот, но многумина веруваат дека тесниот круг фаворити е веќе познат.

Како и обично таму се Кристијано Роналдо и Лионел Меси, а многумина веруваат дека нивната голема конкуренција овој пат ќе биде Карим Бензема, Роберт Левандовски и Жоржињо кои имаа одлична сезона зад себе.

Рекордер за освоените Златни топки е Меси, кој има шест, а зад него е Роналдо со пет. Многумина веруваат дека ова е една од последните шанси за Португалецот да го стигне Аргентинецот.

За Златната топка зборуваше и легендарниот сер Алекс Фергусон, кој не крие дека Роналдо е негов фаворит на оваа трка.

„Кристијано заслужи да ја освои Златната топка оваа година. Тој игра фантастично оваа година и ги руши сите можни рекорди. Со години е на неверојатно ниво и не се откажува. Се надевам дека ќе биде награден за тоа“, рече Фергусон.

Доделувањето на Златната топка ќе се одржи на 29 ноември. Златната топка не беше доделена минатата година поради пандемијата на коронавирусот, а најновиот добитник е Лионел Меси, кој во 2019 година ја освои рекордната шеста награда за најдобра во светот.