Сергеј Милинковиќ-Савиќ сака ова лето конечно да го напушти Лацио и да ја продолжи кариерата во друг клуб.
Италијанскиот весник „Ил Месгејеро“ пренесува дека српскиот репрезентативец знае каде сака да оди – во Јувентус.
Реализацијата на тој трансфер не е невозможна сега кога првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито реши да ја спушти цената.
Претходно рече дека не сака да го пушти Милинковиќ-Савиќ под 100.000.000 евра, но сега ќе го пушти за половина од цената.
За фудбалерот претходно беше заинтересиран клубот од Торино, но тој одби да го доведе поради високата цена.
Сега кога е многу поефтин, преговорите би можеле да продолжат.
Доколку потпише за Јувентус, таму Милинковиќ-Савиќ ќе биде пречекан оф неговиот соиграч од српската репрезентација Душан Влаховиќ.