ФУДБАЛ

Серхио Агуеро знае каде ќе игра Меси следната сезона

Во последно време се појавија многу шпекулации дека Лионел Меси може да ја напушти Барселона.

Најдобриот фудбалер на светот ја помина целата своја кариера во дресот на каталонскиот клуб, но преговорите за нов договор не се одвиваат како што се очекуваше.

Меси има договор уште една година, а како резултат на тоа, се зголемуваат шпекулациите дека ќе ја напушти Барселона. Аргентинецот се поврзуваше со преселба во Манчестер Сити, но тешко е да се очекува да ја напуштi Барса.

Серхио Агуеро, кој признава дека би сакал да игра со Меси во Сити, е свесен дека е речиси невозможно да се случи вакво нешто.

“Лео е симбол и легенда на Барселона. Знам дека сè е можно во фудбалот, но не верувам дека тој ќе ја напушти Барселона затоа што тоа е негов дом. Посакувам да дојде во Сити и да играме заедно, но и самиот да го знам тоа дека е тешко да се случи “, рече Агуеро.