Серхио Рамос се уште нема клуб, но се погласни се шпекулациите дека би можел да се приклучи – Галатасарај!
Откако турскиот клуб во вторникот обезбеди пласман во Лигата на шампионите, Рамос стана уште позаинтересиран да го облече дресот на Галатасарај.
Тој е слободен од 30 јуни, кога му истече договорот со Пари Сен Жермен, а се поврзуваше со преселба во Саудиска Арабија, што не му беше привлечно.
Рамос верува дека се уште може да игра во елитата, во Лигата на шампионите, а клучен може да биде пласманот на Галата.
Шпанецот во секое време може да потпише како слободен играч, но доколку сака да игра во Лигата на шампионите, трансферот мора да биде комплетиран пред Галатасарај да го регистрира.
Ја чекаме последната рунда преговори…
