Реал во саботата одигра натпревар против Атлетико Мадрид, без голови.
Сепак, овој натпревар би можел да остави голем белег на Реал Мадрид, бидејќи нивниот капитен може да биде казнет.
Наводно, според шпанските медиуми, Диего Симеоне го слушнал Рамос како го пцуе помошник судија, но судијата не реагирал.
Атлетико има право да се жали на овој настан, а доколку тоа се случи, луѓето од Примера ќе треба да го проверат целиот случај.
Ако се испостави сето тоа, Рамос може да добие до четири натпревари суспензија.
Тоа би значело дека ќе го промаши Ел Класико, а неговото отсуство сигурно би било голем хендикеп за тимот на Зинедин Зидан.