Серхио Рамос е еден од оние кои одат на одмор наместо на Европското првенство.
Рамос остана без титула во Шпанија, неговиот Реал Мадрид заврши зад Атлетико, а наскоро пристигна уште една непријатна вест за искусниот стопер – тој не беше поканет на ЕУРО.
Но, барем ќе има доволно време за целосен одмор и да донесе одлука каде ќе ја продолжи кариерата. Потсетуваме, неговиот договор со Реал истекува на крајот на јуни и сè уште не е постигнат договор за продолжување на соработката.
Во меѓувреме, Рамос го украси своето тело со друга тетоважа, а интересно, тој му ја посвети на уметникот Камарон де ла Исла. Рамос му се восхитува на кантавторот од Сан Фернандо, па реши да го истетовира ликот на ногата.
Тешко е да се најде дел од телото на Рамос на кој нема тетоважа, но тој сепак најде простор за голем уметник.
