ФУДБАЛ

„Серхио Рамос ја има најдолгата повреда во историјата на повредите“

Серхио Рамос летово пристигна во ПСЖ како големо засилување од Реал Мадрид.

Шпанскиот дефанзивец досега собра само 283 минути во дресот на францускиот клуб на пет натпревари на кои настапи, а успеа да постигне еден гол.

Дефинитивно, 35-годишникот засега не го оправдува тоа што се очекуваше од него, а голем проблем се големиот број повреди што ги имаше откако пристигна во француската престолнина.

За тоа зборуваше и поранешниот голман на ПСЖ, Жером Алонзо, кој саркастично рече дека Серхио Рамос ја има најдолгата повреда во историјата од сите повреди.

„Можете ли да замислите како е со Маурицио Покетино? Човекот има двајца голмани кои ротираат (Навас и Донарума), го има Меси кој не напредува, Нејмар кој не напредува, го има Серхио Рамос кој ја има најдолгата повреда во историјата на повредите и неодамна момци кои беа на Купот на Африканските нации“, рече Алонзо.

Инаку, Џером Алонзо бранеше за ПСЖ во периодот од 2001 до 2008 година, кога замина во Нант, каде ја заврши кариерата.