Серхио Рамос во понеделникот беше во Милано на церемонијата на доделување награди за најдобрите играчи на светот, но тој не доби признание.
Рамос беше избран во најдобариот тим на годината според ФИФА, а за најдобар играч беше прогласен Лионел Меси.
„Повеќе би сакал да Не дојдам овде и Реал Мадрид да ги освои титулите“, рече Рамос и додаде:
„Ако сакав да освојам поединечни титули, тогаш ќе се посветев на тенисот. Најважно за мене е тимот да победи, тогаш и ние поединците победуваме“.
Неговиот соиграч Марсело се најде во идеалниот тим, но многумина сметаа дека тој не го заслужува тоа.
“Тој е еден од најдобрите во светот и сите се слободни да коментираат. Тешко е да им се угоди на сите”, заврши Рамос.