Серхио Рамос минатото лето се пресели од Реал Мадрид во ПСЖ и се чинеше дека тоа не беше најдобриот потег.
Минатата сезона Рамос не играше во дресот на францускиот клуб бидејќи имаше проблеми со повредите, па дури и ги пропушти првите шест месеци и дури на крајот од сезоната влезе во ритам на игри.
Сепак, искусниот дефанзивец оваа сезона игра редовно во тимот на ПСЖ и покажа дека се уште е на одлично ниво, без разлика што е на залезот на кариерата.
Серхио Рамос и понатаму е сигурно еден од најдобрите дефанзивци во Европа и јасно е дека не размислува за крај на кариерата се додека може да игра на највисоко можно ниво.
Откако се врати во стариот ритам и покажа за каков играч се работи, се очекуваше Серхио Рамос повторно да се најде во шпанската репрезентација, но тоа не се случи.
Тренерот на Црвената фурија, Луис Енрике денеска го објави списокот за следните натпревари на шпанската репрезентација во Лигата на нации, а многумина се изненадени што на списокот го нема Серхио Рамос.
На шпанските медиуми не им е јасно зошто Рамос не добил покана бидејќи игра во одлична форма на почетокот на сезоната, а сметаат дека заслужил да се врати во репрезентацијата на оваа земја по повеќе од една година пауза. .
Покрај Рамос, изненадување е што покана не добија Иаго Аспас, Ансу Фати, Алекс Морено, Хектор Белерин и Серхио Каналес, а изборот на Енрике доста ја изненади шпанската јавност.

Рамос одигра дури 180 натпревари за шпанската репрезентација и постигна 23 гола, а со Црвената фурија освои се што можеше.
Последниот натпревар во дресот на оваа репрезентација го одигра на 31 март минатата година против селекцијата на Косово.