ФУДБАЛ

Серхио Рамос понуди интересен предлог: „Треба да направите три златни топки…“

Лионел Меси ја освои рекордната шеста Златна топка која ја додели „Франс Фудбал“ минатата недела.

Меси е првиот фудбалер во историјата кој освои шест Златни топки, а Кристијано Роналдо има една помалку.

И овој пат имаше многу полемики околу тоа кој ја заслужи оваа награда, за Меси останаа Ван Дајк, Роналдо и Мане.

Како и да е, јасно е дека секогаш има такви што се бунат за победникот на Златната топка, а интересно решение за конечно да се стави крај на овој проблем дава Серхио Рамос.

„Треба да направите три Златни топки. Една за Меси, една за Роналдо и една за сите други“, рече низ смеа капитенот на Реал Мадрид.