ФУДБАЛ

Серхио Рамос пред заминување од Реал Мадрид

Серхио Рамос би можел да го напушти Реал Мадрид по 16 години.

Капитенот на Реал Мадрид не може да се договори со клубот за нов договор и се поизвесно е дека од следната сезона ќе го видиме 34-годишниот дефанзивец на некое друго место.

Преговорите престанаа поради пари. Според шпанските медиуми, Рамос не сака да отстапи 10 проценти од платата во понудениот нов двегодишен договор и тука лежи целосниот проблем.

Ел Кирингито уште тврди дека Рамос е многу близу до одлуката да си замине дефинитивно и дека воопшто не одговорил на понудата на клубот, па останува да видиме дали Рамос навистина ќе го напушти клубот во чии редови бил повеќе од деценија и пол.

Рамос освои апсолутно сè со Реал. Одигра 668 натпревари за клубот и постигна 100 погодоци.