ФУДБАЛ

Серхио Рамос влегува во историјата на шпанскиот фудбал

Капитенот на најтрофејниот шпански тим на Реал Мадрид, Серхио Рамос влезе во историјата на шпанскиот фудбал.

Реал Мадрид ја декласираше Хуеска со 4-1, а Рамос стигна до јубилејниот 500-ти настап во шпанската Ла Лига.

Така, Рамос стана 10-от играч кој одигра 500 или повеќе натпревари во историјата на овој шампионат.

Одигра 39 натпревари во Севилја, останатите во Реал, каде дојде во 2005 година. Доколку го заобиколат повредите, се верува дека Рамос би можел да стигне до шестото место на вечната листа на играчи со најмногу настапи.

Андони Зубизарета е убедливо прв со 622 настапи, а го следат Хоакин, Раул, Еузебио, Франческо Бујо, Мануел Санчез, Икер Касилјас, Чави и Мигел Солер.

ПОВРЗАНО

Ла Лига