Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос (35) се предомисли кога станува збор за останување во Реал Мадрид.
Искусниот дефанзивец со месеци преговараше за нов договор со претседателот Флорентино Перез, но не беше постигнат договор.
Рамос побара подолг договор, додека Перез понуди едногодишно продолжување на соработката, па преговорите престанаа целосно откако не беше постигнат договорот.
Сепак, шпанските медиуми тврдат дека Рамос се предомислил. Сега тој е подготвен да ја прифати понудата на Реал затоа што сака да продолжи да го носи дресот на кралскиот клуб.
🚨☎️🚨 INFORMACIÓN #RealMadrid
💥Sergio Ramos, dispuesto a aceptar la renovación a la baja que lleva seis meses rechazando
💥 El Real Madrid trabaja en el acto de despedida del capitán tras meses sin respuesta a sus propuestashttps://t.co/OsnKa9SGt1
— Deportes Cuatro (@DeportesCuatro) June 9, 2021
Тој сака да го прифати договорот што Реал му го понуди пред неколку месеци и ќе видиме каков ќе биде одговорот на Кралевите откако капитенот на клубот ќе се предомисли.
Рамос е член на Кралевите веќе 16 години. Одигра 671 натпревар за клубот и постигна 101 гол.