ФУДБАЛ

Серија А мора да продолжи на 14. јуни

Италијанските прволигаши го ордедија крајниот рок за за рестартирање за сезоната 2019/2020, која во средината на март беше прекината поради пандемијата со коронавирусот.

Како што пишуваат медиумите во Италија, екипите одличиле дека првенствот треба да продолжи најдоцна до 14 јуни или во друг случај Серија А нема да заврши. Сите клубови освен Бреша сакаат сезоната да заврши.

Италија ги олабави карантинските мерки од 4 мај, кога се очекува на тимовите да им се овозможи да тренираат индивидуално додека строго одржуваат социјална дистанца.

Сепак, групните активности ќе започнат на почетокот на 18 мај. На играчите им е потребно 3-4 недели за да влезат во потребната форма за натпреварување.

ПОВРЗАНО

Серија А