ФУДБАЛ

Серија А: Роналдо најдобар напаѓач, најдобар голман Донарума

Кристијано Роналдо беше избран за најдобар напаѓач во Серија А минатата сезона.

Изборот на играчите на Јувентус беше логичен, бидејќи Роналдо е најдобар стрелец на ова натпреварување со 29 голови, иако Старата дама не успеа да стигне до десеттото Скудето по ред.

Наградата за најдобар играч за врска му припадна на Николо Барела, член на шампионот Интер, додека Кристијан Ромеро од Аталанта има предност кај дефанзивците.

Најдобар голман е Џанлуиџи Донарума, чуварот на мрежата на Милан. Интересно, наградата му припадна на Донарума и покрај тоа што не прими најмалку голови во сезоната. Подобри од него во тој сегмент беа Самир Хандановиќ (Интер) и Војчех Шчесни (Јувентус).

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ беше прогласен за најдобар играч до 23 години.

 

ПОВРЗАНО

Серија А