Играчот од средниот ред на Челзи, Сеск Фабрегас, планира да ја промени клупската средина за време на зимскиот преоден рок. Според „Газета дело Спорт“, сериозен интерес за неговите услуги покажале и раководните лица на францускиот гигант Монако. Шпанецотс е подготвен да замине од Лондон поради малата минутажа која ја добива од Маурицио Сари.
Во актуелната сезона, Фабрегас настапи на 13 натпревари на кои постигна еден погодок и запиша две асистенции. Во меѓувреме заменик-претседателот на Монако, Вадим Василиев, рече дека тимот треба да се справи со тешкотиите и да стане посилен. Тој додаде дека иднината на клубот изгледа возбудлива.