ФУДБАЛ

Сериозен извор: Ливерпул ќе го украде Мбапе од Реал?

Фото: PSG's Kylian Mbappe celebrates after scoring his side's second goal during the French League One soccer match between Auxerre and Paris Saint Germain, at the Abbe Deschamps stadium in Auxerre, central France, Sunday, May 21, 2023. (AP Photo/Thibault Camus)

Договорот на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе со клубот од Париз истекува на крајот од сезоната, а за разлика од некои претходни години, се чини дека воопшто нема прашање дали ќе остане на „Паркот на принцовите“.

Реал Мадрид од лето во лето не успева да го ангажира брзоногиот француски репрезентативец, а според „Ле Паризиен“ во трката (повторно) се вклучил и Ливерпул.

„Црвените“ од „Енфилд“ имаат предност пред кралскиот клуб, тврди сигурен извор.

Во Ливерпул би сакале 25-годишниот Французин да го замени Мохамед Салах кој се преселува во Саудиска Арабија или во САД.

„Ле Паризиен“ пренесува дека менаџерот на англискиот клуб, Јирген Клоп, со години го следи Мбапе, а Килијан го цени тоа, како и дека агресивната тактика на Реал Мадрид при реализација на трансферот била контрапродуктивна.

На 1 јануари беше објавено дека Кралскиот клуб доставил официјална понуда до францускиот фудбалер и поставил краен рок за донесување одлука – средината на јануари.

Договорот на Мбапе со ПСЖ истекува на крајот од сезоната, на 22 натпревари во сите натпреварувања постигна 21 гол со две асистенции.

Порталот Трансфермаркт процени дека вредноста на фудбалерот од клубот од Париз е 180 милиони евра.