ФУДБАЛ

Сериозни проблеми: Кралевите се без пола тим

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан се соочи со огромни проблеми.

Францускиот стручњак загуби половина од тимот по репрезентативната пауза, па за саботниот натпревар против Мајорка ќе биде значително ослабнат.

Лукас Васкез, Начо и Тони Крос сигурно нема да играат, сигурно е дека нема да ги има Лук Модриќ и Герет Бејл поради повреди, но приказната за проблемите не завршува тука.

Првиот голман Тибо Куртоа и стоперот Рафаел Варан се под прашање за овој натпревар и ќе биде вистинско изненадување да ги видиме во составот.

Реал има сериозни проблеми уште од почетокот на сезоната, особено со формата, а сега се измачувани со повреди кои би можеле да влијаат на резултатите.

Тимот од Мадрид, исто така, ќе го одигра натпреварот во Лигата на шампионите кон средината на неделава и ќе треба да отпатува за Истанбул, каде што ќе игра против Галатасарај.