Пред неколку месеци, Серж Орие беше близу до преселба во ПСЖ, но трансферот не се реализираше на крајот.
28-годишниот дефанзивец стана слободен играч откако беше прекината соработката меѓу него и Тотенхем, а сега одлучи да потпише со Виљареал.
Договорот беше потпишан до крајот на сезоната, со опција за продолжување на соработката за уште две години.
Орие сега оди на собирот на репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска, а по враќањето ќе му биде на располагање на Унаи Емери за натпреварите што следат.
Орие во кариерата играше за ПСЖ, Тотенхем, Тулуз и Ленс, а за репрезентацијата на Брегот на Слоновата коска има 70 настапи, а исто така е и капитен на таа селекција.